14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Руте вели дека ЕУ ќе ја поддржи Тирана во раздвојувањето

НАЈЧИТАНО

Премиерот на Холандија, Марк Руте, вели дека доколку Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка да продолжи сама на европскиот пат, пренесуваат агенциите АТА и БТА.

– Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно – нагласи Руте.

Руте рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог. Истовремено, тој истакна дека одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува.

– Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана – посочи тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО