8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Руслана упати драматичен апел за Украина

НАЈЧИТАНО

Украинската пејачка Руслана Лижичко, која се прослави по победата на Евровизија во 2004 година со песната „Wild Dance“, проговори за рускиот напад врз Украина.

Познатата Украинка на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа како се моли, а во описот сподели драматична порака за нападот на Русија врз нејзината татковина.

„Дојде утрото. Мораме да собереме сила и да сфатиме дека војната против Украина започна. Сигурна сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Работевме многу години за да го натераме светот да нè препознае како земја која со векови поради страда од рускиот режим. Светот ќе ни помогне и ќе ја прекине војната“, ја започна својата објава Руслана.

 

Таа вели дека иако ситуацијата е исклучително тешка, се труди да остане смирена и ги повика сите кои се запознаени со официјалните информации да му помогнат на украинскиот народ.

„Сега најважно е локалната територијална одбрана. Собирам информации како да го направам тоа и ќе ги објавам на Инстаграм. Пријатели, пишете ми јавно или приватно! Ни требаат проверени информации. Ова е клучен момент“, порачала пејачката.

Таа спомнала и што најмногу им помогнало на луѓето за време на Евромајдан, протестите што траеја во Украина од ноември 2013 до февруари 2014 година. Протестите ги предизвика одлуката на украинската влада да го запре потпишувањето на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, која наместо тоа се определи за поблиски врски со Русија и Евроазиската економска унија.

„Кога акциите беа најопасни во текот на Евромајдан, единственото нешто што ни помогна да се спасиме беше координирана акција, јасна поделба на одговорностите и собирање информации од официјални извори и сведоци. Главната работа е внатрешен мир без прекумерни емоции и паника. Слава на Украина! Боже, слушни ги моите молитви за мир во Украина“, заклучила Руслана.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО