7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Руски Тасс: Дронот што падна во Загреб синоќа беше соборен на Крим

НАЈЧИТАНО

Руската новинска агенција Тас објави дека во четвртокот се урнале два украински беспилотни летала од ист тип Ту-141.

„Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопск (Република Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), прелетувајќи повеќе од 700 километри“, изјави извор за Тасс.Тој објасни дека ова беспилотно летало е „во суштина мал млазен авион способен да носи прилично сериозен товар со бомба, до еден тон“. Според него, двата апарати извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал за хрватската престолнина.

 

„Делови од украинскиот дрон тип Ту-141 беа откриени од страна на руските граничари на 11 март во 10:35 часот, на 17,6 километри од државната граница и на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје“, рече изворот.

„Претходно денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека беспилотно летало било лансирано од Украина и паднало во текот на ноќта во Загреб. Тој изрази изненадување што старомодно летало поминало повеќе од еден час на небото над земјите-членки на НАТО, а никој не го забележал. Според претседателот, инцидентот се истражува“, додава агенцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО