-0.1 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Руските хакери инсталираа вирус во мрежата на Унисофтвер

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Хакерите во Русија, припадници на т.н. Националната републиканска армија (НРА) објавија дека „почнале да спроведуваат план за соборување на Владимир Путин“, почнувајќи со хакерски сајбер напади врз Кремљ, пишува Киев Пост. Тие се противат на мобилизацијата која ја спроведува претседател. Од НРА тврдат дека инсталирале вирус во мрежата на Унисофтвер и бараат откуп и се закануваат дека во спротивно ќе ги објават информациите за банкарските сметки, телефонските броеви и разни пасворди на вработените од компанијата.

Во интервју за украинското издание „Киев пост“, член на НРА зборуваше за тоа која била мотивацијата за овие напади.

– Путин непотребно ги испраќа нашите млади луѓе да умрат во неправедната војна водена против Украина, која резултираше со колење на невини цивили, вклучително и жени и деца – вели хакерот.

Ова е прв голем систематски обид на руските хакери да ги онеспособат руските институции, пишува Киев Пост. Унисофтвер е руска компанија која ги сервисира институциите.

Од Киев Пост тврдат дека ја потврдиле автентичноста на украдените податоци – дека тие се од Унисофтвер и дека се работи за податоци од неколку клиенти на руската влада. На прашањето за секундарниот пристап, хакерите одбиле да коментираат, меѓутоа, познато е дека Федералната даночна служба, Министерството за финансии на Руската Федерација и Централната банка на Русија се меѓу листата на клиенти на компанијата.

– Само напред. Променете си ги пак лозинките и обидете се да ги вратите податоците. Ние ги крадевме вашите лозинки секој пат. Мислиме дека имаме доволно податоци во овој момент за да ви го отежниме животот ако не ни платите – изјавил еден од хакерите за порталот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот...

Приведен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Прилеп

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“  во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил...

Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени...
spot_img
spot_img
spot_img