17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Руските убавици не сакаат војна, сакаат ова да престане!

НАЈЧИТАНО

Познатите руски манекенки Викторија Одинцова (28) и Лена Перминова (35) се огласија на социјалните мрежи откако нивната земја утрово ја нападна Украина.

Вики Одинцова на Инстаграм ја следат повеќе од пет милиони луѓе, а многумина ја сметаат за најубава Русинка. На пошироката јавност ѝ стана позната по романсата со возачот на автомобилски трки Фернандо Алонсо (40).

Таа денеска на својот профил објави целосно црна фотографија, и ја коментираше актуелната политичка ситуација.

– Не за војна! Се молам ова да престане. Многу страшно и болно. Не треба да се бориме“, напишала манекенката во описот на објавата, а со неа во коментарите се согласиле илјадници следбеници.

Истата фотографија на својот профил ја објави и руската убавица Елена Перминова, попозната како Лена. Таа во моментов е една од најпопуларните инфлуенсери во Русија, а ја следат дури 1,9 милиони луѓе. Убавата русокоса е во брак со рускиот олигарх Александар Лебедев (62) кој ја спасил од сиромаштија и беда.

 

 

– Многу страшно … Не сакаме војна!“, напиша Лена на црната фотографија.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО