15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Руските милијардери како луди купуваат станови и вили

НАЈЧИТАНО

Дубаи стана прибежиште за богатите Руси кои бегаат пред санкциите воведени од Запад поради војната во Украина.

Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), изјавија бизнисмени за „Би-Би-Си“.

Купувањето имот во Дубаи од Руси се зголемило за 67 отсто во првите три месеци од 2022 година. ОАЕ не воведоа санкции кон Русија и не ја критикуваа нејзината инвазија на Украина.

Абу Даби издава визи за Русите кои не подлежат на санкции, наспроти ограничувањата воведени од многу од западните држави.

Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле Русија во изминатите два месеци, иако нема точни бројки. Руски економист изјави дека 200.000 Руси ја напуштиле земјата во првите 10 дена од почетокот на војната.

Агенцијата „Virtuzone“ што им помага на компаниите да започнат бизнис во Дубаи, бележи огромен прилив на руски клиенти.

– Од почетокот на војната, добивме 5 пати повеќе барања од Русите.Тие се загрижени за претстојниот економски колапс. Затоа тие се селат овде за да го обезбедат своето богатство -изјави извршниот директор Џорџ Хоџи.

Приливот руски граѓани ја зголемил побарувачката за луксузни вили и станови низ градот. Агенциите за недвижности известуваат за нагло зголемување на цените на недвижностите во мигови кога се поголем е бројот Руси кои пристигнуваат во Дубаи и бараат да купат станбени објекти. Агенцијата за недвижности „Betterhomes“ со седиште во Дубаи објавува дека во првите три месеци од 2022 година трипати е зголемен бројот купувањата недвижен имот од страна на руски државјани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО