7.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Рускиот брод носел засилување за силите во Мариупол

НАЈЧИТАНО

Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не Орск, како што беше претходно информирано.

„Според ажурираните информации, големиот десантен брод „Саратов“ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск“, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.

– На Саратов уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе – појасни Антун Герашченко.

Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО