24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Руската портпаролка се пошегува со заминувањето на бугарскиот премиер

НАЈЧИТАНО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска иронично ги прокоментира обвинувањата на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, дека за неговото заминување од функцијата  виновна е и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјавувајќи дека на списокот на „виновници“ недостасуваат уште некои други фиктивни филмски ликови.

– Само Бетмен и жената-мачка сè уште се исчезнати. Мислам, човекот се измори, почна да блада – иронично кажа Захарова, пренесена од руските медиуми.

Откако бугарскиот Парламент синоќа и изгласа недоверба на Владата на Петков, тој за исходот од гласањето обвини тројца политичари и амбасадорката Митрофанова.

Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Дељан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов, чија партија „Има таков народ“ претходно ја напушти владејачката коалиција.

Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО