17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Руската актерка Евгенија Брик почина од рак на 40-годишна возраст во Лос Анџелес, Америка

НАЈЧИТАНО

Руската актерка Евгенија Брик почина од рак на 40-годишна возраст во Лос Анџелес, Америка.

Брик веќе подолго време се борела со тешката болест, но деталите за своето здравје ги чувала во тајност. Зад себе ги остави неутешниот сопруг Валериј и ќерката Зое.

Руските медиуми пренесуваат дека актерката била исклучително талентирана и со ведра природа.

Српскиот актер Милош Биковиќ својата болка и тага за смртта на драгата колешка ја сподели со своите фанови преку социјалната мрежа Инстаграм.

Милош Биковиќ на своите мрежи ја изрази својата тага поради загубата на младиот живот и талентот, а сочувство изразија бројни колеги и обожаватели.

Евгенија Владимировна Хиривскаја е родена на 3 септември 1981 година во Москва. Името го добила по нејзиниот дедо Евгениј Абрамович Крејн, кој некогаш бил познат новинар. Актерката го зела презимето Брик во чест на нејзината прабаба Софија Брик, како уметничко име. Таа има полско и еврејско потекло.

Студирала на Руската академија за театарска уметност и дипломирала во 2004 година.

Брик беше во брак со режисерот Валериj Тодоровски, со кого ја доби ќерката Зои Валериевна Тодоровскаја, родена во 2009 година. Зои го имаше своето актерско деби како младата Прари Џонсон во „The OA“, оригинална серија на „Нетфликс“ од 2016 година.

Брик почина од рак на 10 февруари 2022 година, на 40-годишна возраст.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО