26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Русија ќе евакуира цивили од фабриката Азот

НАЈЧИТАНО

Руското Министерство за одбрана за утре најави отворање на хуманитарен коридор за цивили од територијата на фабриката Азот во Северодоњецк и ги повика украинските сили да го положат оружјето.

– Водени од хуманите принципи, вооружените сили на Русија и формациите на Луганската Народна Република се подготвени да спроведат хуманитарна операција за евакуација на цивили. За да се направи тоа, на 15 јуни од 8 до 20 часот по московско време ќе биде отворен хуманитарен коридор во правец на север кон градот Сватово во Луганската Народна Република – изјави Михаил Мизинцев, шеф на рускиот национален центар за одбрана, јавуваат руски медиуми.

Како што рече Мизинцев, загарантирана е сигурна евакуација на сите цивили без исклучок и нивното движење во рамки на хуманитарните конвои до центрите за привремено сместување.

Според Мизинцев, украинската страна побарала организација на хуманитарен коридор за евакуација на цивили, жени, деца и стари лица, кои се наоѓаат во хемиската фабрика Азот во Северодоњецк на територијата која е под контрола на Киев во градот Лисичанск.

Исто така, руското Министерство за одбрана предложи украинските формации во фабриката Азот тој ден да го положат оружјето .

Мизинцев посочи дека предлагаат, како што рече, „милитантите на националистичките баталјони и странските платеници“ кои се во фабриката Азот утре да прекинат со какви било воени дејствија и да ги пропуштат цивилите што ги држат низ овој хуманитарен коридор.

Мизинцев рече и дека Руската Федерација гарантира зачувување на животот и почитување на сите норми од Женевската конвенција за постапување со воените заробеници, како што се случи со оние кои претходно се предадоа во Мариупол.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО