22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Русија протера 14 бугарски дипломати

НАЈЧИТАНО

Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија.

Во соопштението објавено од руското МНР стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија „нанесува значителна штета на традиционалните врски“ меѓу двете земји и укажува на „натамошна деградација на колективниот Запад, подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери, само за да и наштети на Русија“.

Истовремено во документот се посочува дека „непријателските потези на Софија кон Москва немаат ништо заедничко со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО