2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Русија: Почнуваме со сериско производство на „Сармат“.

НАЈЧИТАНО

Во Русија започна сериското производство на најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, изјави Владимир Дегтјар, главен директор на Државниот ракетен центар Макеев, пренесуваат руските медиуми. „Ракетниот систем веќе е пуштен во сериско производство, обезбедени се потребните материјали и опремата за производство“, рече тој.

Во следните 40-50 години „Сармат“ ќе го зајакне борбениот потенцијал на руската армија и ќе ја обезбеди безбедноста на Русија, рече тој, додавајќи дека „во сегашните геополитички услови ова оружје ќе стане главен фактор на нуклеарно одвраќање и гаранција за миротворни“.

Ракетата има дострел од 18.000 километри и може да носи нуклеарни боеви глави
Русија тврди дека новата ракета ќе може да нападне цели и над северниот и јужниот пол и на тој начин да ги порази противракетните одбранбени системи на непријателот.

Русија претходно објави дека првото лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ било извршено на 20 април и дека било успешно. До крајот на есента тие планираа да изградат и распоредат околу 50 од овие интерконтинентални балистички ракети способни за нуклеарни напади.

Сармат има домет од 18 илјади километри и може да биде опремен со нуклеарни боеви глави. Претседателот Владимир Путин го искористи лансирањето на проектилот во април за да му се закани на Западот во контекст на руската војна во Украина. Ракетата може да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера земјите да размислат пред да и се заканат на Русија, рече тогаш Путин.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО