Русија најверојатно конечно ќе го контролира поголемиот дел од градот Соледар на истокот на Украина за ископ на сол по повеќемесечна битка со украинските сили

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Русија најверојатно конечно ќе го контролира поголемиот дел од градот Соледар на истокот на Украина за ископ на сол по повеќемесечна битка со украинските сили, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си. Градот за кој Зеленски во понеделникот рече дека останал без ѕидови и со трупови е „отскочна жица за заземање на Бахмут“.

– Соледар – кој имаше население од околу 10.000 пред војната – може да се смета главно како отскочна штица за заземање на Бахмут, а неговата стратешка вредност е сомнителна – изјави Зеленски.

Руските трупи и платеничката група Вагнер напредуваа во изминатите четири дена, соопштија британските служби. Американски официјален претставник минатата недела изјави дека Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер груп, сака да ги контролира големите рудници за сол и гипс во областа.

Според британските служби дел од борбите се фокусирале на влезовите во неупотребените тунели долги 200 килметри, а Русија и Украина „веројатно се загрижени дека тунелите би можеле да се користат за инфилтрација зад нивните линии“.

Евегениј Пригожин, финансиерот на Вагнер го потврди својот интерес за рудниците, нарекувајќи ги „шлаг на тортата“ во стратешкото значење на областа Бахмут. Тој ги опиша како „мрежа од подземни градови“ што може да собере „голема група луѓе на длабочина од 80-100 метри“, а исто така може да дозволи тенкови и други воени возила слободно да се движат.

Сепак, британските служби веруваат дека Русија „не е веројатно“ веднаш да го преземе Бахмут поради „стабилните одбранбени линии“ на Украина.

Борбите околу Бахмут траат со месеци, а американскиот функционер ги опиша најновите размени како „дивјачки“.

Двајца британски државјани исчезнаа во регионот и последен пат беа видени како се упатуваат кон Соледар.

Серхи Черевати, портпарол на источните сили на Украина, во телевизиско интервју изјави дека Соледар бил погоден 86 пати од артилерија во последните 24 часа.

Тој тврдеше дека најдобрите борци на Вагнер биле распоредени и дека Русија користела тактика во стилот на Првата светска војна, додека претрпела големи загуби.

– Ова во основа не е војна од 21 век – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img