0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Русија нападна позиции на украинската армија во неколку области

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека руските сили нападнале позиции на украинската армија во неколку региони, повторно обвинувајќи го Киев за гранатирање на областа во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје.

Руската армија нападна цели во регионите Керсон, Миколаев, Харков и Доњецк, а министерството тврди дека украинските сили не успеале во офанзивата кај Правдина.

Според руското министерство, нивото на радијација во Запорожје е нормално. Во саботата, украинските сили двапати ја гранатираа областа, додаде Министерството.

Украинската страна ги негира таквите тврдења, а Ројтерс потсетува дека двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа во близина на нуклеарната централа.

Во четвртокот, Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) усвои резолуција со која бара Русија да ја прекине окупацијата на нуклеарната централа.

Ја повикува Русија „веднаш да ги прекине сите дејствија против електраната Запорожје, во неа и во сите други нуклеарни постројки во Украина“, а беше усвоен со 26 гласа „за“, два против и седум воздржани, велат дипломатите.

Русија и Кина гласаа против, додека Египет, Јужна Африка, Сенегал, Бурунди, Виетнам, Индија и Пакистан беа воздржани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img