18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Русија и Украина утре ќе разговараат за прекин на огнот на претстојните преговори на границата меѓу Полска и Белорусијa

НАЈЧИТАНО

Русија и Украина утре ќе разговараат за прекин на огнот на претстојните преговори на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави главниот преговарач на Москва, речиси една недела по инвазијата врз нејзиниот сосед.

Руската делегација пристигна во Белорусија на вториот круг од преговорите со Украина, изјави шефот на руската делегација Владимир Медински за „Русија 24“, додавајќи дека украинската делегација го напуштила Киев и е на пат за Белорусија на разговори за прекин на огнот.

Тие се очекува да пристигнат утре рано наутро по локално време, односно доцна вечерва.

– Белоруските специјални служби целосно ја обезбедуваат безбедноста во Белорусија, а нашата војска обезбеди безбеден премин за движење на украинската делегација низ Украина – рече Медински.

Украинското претседателство потврди дека нивната делегација е „на пат“ кон местото на разговорите.

РИА јави дека делегациите на Украина и Русија за ситуацијата во Украина ќе бидат претставени со истите членови како и во првиот круг.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО