23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Русија испрати 210 тела на загинати борци во Украина

НАЈЧИТАНО

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија досега вратила тела на 210 украински борци убиени во битката за Мариупол, наведувајќи дека повеќето од нив биле борци кои го држеле последното упориште во челичаната Азовстал.

Воената разузнавачка агенција не соопшти уште колку тела останале во урнатините на фабриката за челик.

Мариупол, разурнат пристаништен град, сега е под контрола на Русија, која минатата недела почна да ги враќа телата во Украина, потсетува Бета.

Украина во саботата соопшти дека двете страни размениле 320 тела. Двете завојувани страни добиле по 160 тела на нивни борци.

Украинските борци ја бранеа фабриката за челик Азовстал речиси три месеци пред да се предадат во мај под постојани напади на руските сили од копно, море и воздух.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО