15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Русија го гранатираше украинскиот град Никопол

НАЈЧИТАНО

Руските сили денеска го гранатираа јужниот украински град Никопол, што е последно гранатирање на градски области, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а многу беа ранети во последните три дена.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар.

„Руски ракети го погодија градот Днипро, околу 120 километри северно од Никопол, доцна во петокот, при што загинаа три лица, а беа ранети 15“, напиша гувернерот на провинцијата Валентин Резниченко на Телеграм.

Тој додаде дека ракетите погодиле индустриска фабрика и улица во близина.

Руските сили, исто така, во текот на ноќта го нападнаа североисточниот украински град Чугуив во областа Харков, при што загинаа три лица, меѓу кои една 70-годишна жена, а беа ранети уште три, изјави гувернерот на провинцијата.

„Во нападот се оштетени станбен блок, училиште и продавница, а спасувачките екипи ги прегледуваат урнатините“, објави гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.

Како што пренесуваат агенциите, руската армија во последните неколку недели цели на прометни области во градовите со ракети со долг дострел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО