23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Русите шокирани од „понудата“ на Баерн: 1000 евра отштета за играч

НАЈЧИТАНО

Рускиот фудбалски прволигаш Спартак Москва на својот Твитер објави шокантна „понуда“ што ја доби од Баерн.

Баварците им „понудија“ отштета од 1.000 евра на Русите за нивниот играч Александар Соболев. „Ви нудиме 1.000 евра плус бонуси: 10 милиони евра ако Баерн победи на Евровизија, 15 милиони евра ако Манчестер Јунајтед освои трофеј и 20 милиони евра ако Лионел Меси се пресели во Реал Мадрид“, стои во „понудата“.

Спартак сè проследи со многу прашалници, не верувајќи дека Баерн се впуштил во вакво нешто.

Очигледно е дека ова е еден вид потсмев, бидејќи Соболев е играч чија пазарна вредност Трансфермаркт ја проценува на осум милиони евра и секако нема шанси Спартак да го пушти за милион евра, а камоли илјада евра. .

Некој сакаше малку да се пошегува и со Баерн и со Спартак, па меѓу другото закачи и погрешен грб. Имено, Баварците имаат пет ѕвезди на сегашниот грб, пренесува Gol.hr.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО