8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Русите бегаат во Финска по најавата за мобилизација на 300.000 резервисти

НАЈЧИТАНО

Сообраќајот што доаѓа од Русија е „зголемен“ на источната граница на Финска, соопшти во четвртокот финската гранична служба, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија, откако претседателот Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти, изјави во средата министерот за одбрана Анти Кајконен.

„Бројот на пристигнувања од Русија очигледно е зголемен“, изјави за Ројтерс шефот на граничната служба за меѓународни прашања, Мати Питканиити.

Тој додаде дека ситуацијата е под контрола и дека граничните служби се подготвени на девет гранични премини.

Најавата на Путин за мобилизација во средата рано наутро во телевизиско обраќање поттикна дел од машката популација во Русија да побегне во страв дека нема да можат да ја напуштат земјата во наредните денови, а сите летови што поаѓаат од Русија тој ден беа распродадени.

Во Норвешка не се забележани промени во бројот на пристигнувања од Русија, соопшти норвешката полиција за агенцијата Рутерс.

„Нема промена“, рече Соелве Солхајм, шеф на одделот за контрола на имиграцијата при финската полиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО