9.9 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Рубљата е најсилна валута за 2022 година

НАЈЧИТАНО

Рубљата е најсилна валута за 2022 година, велат податоците од светските берзи. Валутата од јануари скокнала за 45 отсто во однос на доларот, па сега доларот се продава за 53,45 рубљи, пишува Си-Би-Ес. Што е причината рубљата така брзо да закрепне и покрај фактот што Русија не може да ги отплати своите долгови во странство и официјално е во рецесија?

Три месеци откако вредноста на рубљата падна на помалку од еден американски денар поради најтешките економски санкции наметнати на една земја во модерната историја, руската валута направи неверојатен пресврт.

– Тоа е невообичаена ситуација – вели Џефри Френкел, професор по формирање и раст на капиталот на школата Кенеди во Харвард.

Две причини за воскреснување на рубљата

По обичај, земја која се соочува со меѓународни санкции и голем воен конфликт би доживеала бегство на инвеститорите и постојан одлив на капитал, што ќе предизвика пад на нејзината валута. Но, Русија направи нешто друго. Спречи руските пари да ја напуштат земјата, за што постојат агресивни мерки. Втората работа е цената на гасот, нафтата и енергенсите. Овие две нешта ја воскреснаа рубљата.

Отпорноста на рубљата значи дека Русија успеа делумно да се заштити од западните санцкии, иако не е сигурно колку долго ќе трае таа заштита.

Во исто време, Русија се чини дека не ги исполнила своите меѓународни долгови за прв пат по повеќе од еден век. Откако клучниот рок за плаќање помина во неделата, сопствениците на обврзници рекоа дека тие не биле платени, според Блумберг и Ројтерс.

Русија влече 20 милијарди месечно од енергенсите

Главната причина за закрепнувањето на рубљата е зголемените цени на суровините. Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, веќе високите цени на нафтата и природниот гас се зголемија уште повеќе.

– Цените на суровините во моментов се небесно високи, и иако има пад на обемот на рускиот извоз поради ембарга и санкции, зголемувањето на цените на суровините и те како надоместува за овие падови – за Си-Би-Ес изјави Татјана Орлова, водечки економист за пазари во развој во Оксфорд.

Русија влече речиси 20 милијарди долари месечно од извозот на енергија. Од крајот на март, многу странски купувачи го исполнија барањето да платат за енергенсите во рубљи, со што ја зголемија вредноста на валутата.

Во исто време, западните санкции и бранот бизниси што ја напуштаат земјата доведоа до пад на увозот. Во првите четири месеци од годината, суфицитот на сметката на Русија,  разликата помеѓу извозот и увозот, се искачи на рекордни 96 милијарди долари.

– Ја имаме и оваа случајност, што како што увозот пропадна, извозот расте – рече Орлова.

Затворање на портите за излез

Централната банка на Русија, исто така, ја поддржа рубљата со строги контроли на капиталот што го отежнува нејзиното конвертирање во други валути. Тоа вклучува забрана странските сопственици на руски акции и обврзници да земаат исплати на дивиденди надвор од земјата.

– Тоа беше доста значаен извор на одлив на валута од Русија. Сега тој канал е затворен – рече Орлова.

Во меѓувреме, руските извозници се обврзани да претворат половина од вишокот приходи во рубљи, создавајќи побарувачка за валутата. Условот за конверзија беше 80 отсто до крајот на мај, но потоа стана 50 отсто. Згора на тоа, истакна Орлова, за странските компании е исклучително тешко да ги продадат своите руски инвестиции, што е уште една пречка капиталот да се одлее од Русија.

– Иако цело време има најави дека западните компании ја напуштаат Русија, многу често тие едноставно мораат да ги предадат своите удели на нивните локални партнери движејќи големи количини на готовина од земјава – рече таа.

Сите овие фактори создаваат побарувачка за рубљи, зголемувајќи ја вредноста на валутата.

– Иако ова не е девизен курс определен од слободниот пазар, стабилноста на рубљата е во исто време „реална“, во смисла дека е поттикната од историски високите приливи на тековната сметка на Русија – преку мејл вели Елина Рибакова, заменик главен економист во Институтот на меѓународните финансии(ИИФ) на САД.

Русија сè уште ја чувствува болката

астот на рубљата создаде одредени проблеми за Руската централна банка, која презеде чекори за приближување на нејзината валута до историските нивоа, вклучително и олабавување на контролата на капиталот и намалување на каматните стапки.

Сепак, силната валута не значи дека Русија е имуна на економска болка. Иако отскокнувањето на рубљата и силата на рускиот извоз на нафта привремено ја ублажија нејзината економија од санкциите, ефектот веројатно ќе биде краткорочен, велат експертите.

Павел Молчанов, аналитичар во Рејмонд Џејмс, истакна дека руската нафта се продава за 35 долари за барел помалку од нафтата Брент, меѓународниот репер, што ја одразува побарувачката на купувачите со попуст за водење бизнис со нацијата.

– Никој денес не би купил руска нафта по 120 долари за барел. А всушност има многу купувачи на енергија кои нема да купуваат руска нафта по ниедна цена денес, без разлика дали поради санкции или поради ризик за репутацијата – рече тој.

– Руската економија губи приближно 200 милиони долари дневно – или 70 милијарди долари на годишно ниво – како директен резултат на војната.

Уште повеќе, европските држави ветија дека ќе го намалат увозот на руски гас за две третини оваа година – потенцијално осакатувачки удар со оглед на зависноста на Русија од извозот на енергија.

Еден знак дека руската економија останува под силен притисок е дека инфлацијата во Русија е повеќе од двојно поголема од стапката во САД.

– Искушението да се извлечат средствата од Русија, за руските граѓани да најдат начин да ги заобиколат контролите… ќе расте, особено со стапката на инфлација која сега е толку висока – рече тој.

Збришана една деценија економски развој

Слично на тоа, неисполнувањето на обврските на Русија за повеќе од 100 милиони долари камати на странски сопственици на обврзници во текот на викендот е уште еден знак за нејзината растечка меѓународна изолација. Русија имаше средства да ги изврши планираните плаќања, но американското Министерство за финансии ја блокираше можноста на земјата да го сервисира својот долг преку американските банки.

– На Русија не ѝ недостигаат пари – има милијарди приходи од нафта и енергија – но санкциите кон Русија ја спречија да го пренесе плаќањето – изјави Карин Строхекер, дописник за пазарите во развој во Томпсон Ројтерс, за Си-Би-Ес.

Русија исто така е загрижена дека прекинот на увозот може да доведе до индустриски недостиг , додека падот на странските инвестиции се очекува да го одложи економскиот раст на земјата со години, предвидува Институтот за меѓународни финансии. Институтот ИИФ очекува руската економија да се намали за 15 отсто годинава, со што ќе збрише повеќе од една деценија економски развој.

– Контролата на извозот, „одливот на мозоци“ на таленти надвор од земјата, европското оддалечување од руската енергетска зависност и исклучително непријателската деловна клима, сето тоа ќе влијае на растот на Русија во годините што доаѓаат – рече Рибакова.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО