26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Роналдо и праќал пораки на српската манекенка Кристина Периќ

НАЈЧИТАНО

Кристина Периќ беше првиот српски ангел на „Викторијас сикрет“. Една од најубави и најуспешни српски манекенки некогаш беше споредувана со Ирина Шајк, а тоа не беше само поради нејзиниот изглед. Со познатата Русинка ја поврзува еден славен фудбалер – Кристијано Роналдо, пишува „Б92“.

Манекенката неодамна гостувајќи во една телевизиска емисија признала дека славниот фудбалер своевремено ѝ праќал пораки.

Како што признала, во една ѝ напишал „Здраво“ и ја додал својата фотографија. Тоа било во 2016 година, додека тој бил на „ничија земја“ по раскинувањето со Ирина Шајк, а Георгина Родригез тогаш сè уште не постоела во неговиот живот.

„Роналдо навистина ми пишуваше на Инстаграм, но дојде во погрешни раце, во рацете на новинарите. Ми испрати селфи, разменивме неколку пораки, но тоа беше сѐ. Ништо повеќе не се случи. Имаме заеднички пријатели, верувам дека поради тоа ми пишал“, открила Кристина.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО