2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

РОНАЛДО ИЗДРЖА САМО 132 СЕКУНДИ, „ТОА Е ЗАВРШЕНО“

НАЈЧИТАНО

Фудбалскиот првенец Кристијано Роналдо остана запишан како единствен што постигнал гол на пет светски првенства, но по натпреварот Португалија-Гана, 37-годишникот не издржа повеќе од 132 секунди на пресконференцијата бидејќи го прашаа зошто „раскинал“ со Манчестер, а тој рече дека тоа е завршена работа, пренесува Дејли Мејл.

– Важно е што победивме денес, а јас го завршив тоа поглавје пред една недела. Сега тоа е затворено и сакам да продолжам во добар ритам. Го започнавме Светското првенство, победивме и сакам да му помогнам на мојот тим – брзо рече Роналдо и си замина.

Претходно, тој одговори прашање за својот гол во 65. Минута, што тој го постигна шутирајќи пенал.

– Ова е одличен момент – гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна е победата во првиот натпревар. И уште еден рекорд, да. Јас сум единствениот кој постигнал гол на пет Светски првенства по ред и горд сум на тоа. Драго ми е што тимот покажа одличен фудбал. Беше тешко, но остваривме заслужена победа. Поглавјето во Манчестер јунајтед е затворено, јас сум фокусиран само на Светското првенство. Победивме, му помогнав на тимот. Останатото не е важно, рече 37-годишниот.

Португалија со победата над Гана (3:2) излезе на чело на групата Х по ремито меѓу Уругвај и Северна Кореја (0:0). Второто коло од групата во Катар започнува на 25 ноември, а Португалија ќе игра против Уругвај во дерби меч на 28 ноември.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО