21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Роналдо е најдобар фудбалер сезонава во Манчестер јунајтед

НАЈЧИТАНО

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за сезоната 2021/22, објави официјалниот сајт на клубот.

Триесет и седумгодишниот Роналдо ја доби наградата Сер Мет Базби како резултат на гласањето на навивачите на „црвените ѓаволи“.

Напаѓачот по четврти пат ја освои оваа награда. Претходно тој ја доби наградата за најдобар играч на Манчестер јунајтед во сезоните 2003/04, 2006/07 и 2007/08.

Во неодамна завршената сезона, Роналдо постигна 24 гола и имаше три асистенции на 38 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО