7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Романо: Барселона блиску до договор со нов стопер

НАЈЧИТАНО

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо тврди дека Барселона е блиску до доведување на стопер од Премиер лигата, поточно од Челзи .Станува збор за данскиот репрезентативец Андреас Кристенсен (25) кој според Роман на крајот од сезоната би требало без обештетување да се пресели во Барселона. Тој не се договорил со Челзи за продолжување на соработката, која трае од 2012 година, кога како тинејџер пристигна од Брондби.

Од 2017 година е постојан член на првиот тим на лондонскиот клуб за кој одигра 153 натпревари. Романо тврди дека Данецот од почит кон Челзи ги одбил понудите на англиските клубови и ја прифатил онаа на Барселона, која е подарежлива од понудата на Баерн.

Романо вели дека деталите од договорот допрва треба да се договорат, но дека треба да се реши на состанокот следната недела. Наводно, Кристенсен веќе бил на лекарски преглед во Барселона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО