17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

„Ролинг стоунс“ го откажаа концертот во Амстердам

НАЈЧИТАНО

„Ролинг стоунс“ го откажаа концертот во Амстердам, Холандија, само неколку часа пред да започне, откако пејачот Мик Џегер беше позитивен на ковид-19.

Бендот во соопштението објави дека концертот е откажан, наведувајќи дека 78-годишниот Џегер бил позитивно тестиран бидејќи ги почувствувал симптомите на ковид-19 по пристигнувањето на стадионот, во предградието на Амстердам. Во соопшението не дадоа дополнителни информации за неговата состојба.

„На членовите на „Ролинг стоунс“ им е многу жал за вечерашното откажување, но безбедноста на публиката, колегите музичари и вработените на турнејата мора да има приоритет“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ќе биде одреден нов датум за концертот и дека за тој нов датум ќе важат билетите за настапот во „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.

И самиот Џегер ја потврди информацијата на неговиот профил на Твитер, каде што го следат 2,4 милиони лица.

 

ФОТО: Твитер/Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО