14.5 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Република Северна Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност

НАЈЧИТАНО

Република Северна Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза особено по војната во Украина, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, кој во Вашингтон учествува на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.
– ММФ минатата недела не квалификува како земја која може да користи таква кредитна линија, што е исклучително позитивен резултат во однос на нашата позиција, како земја, во финансиските пазари. Тоа значително ја менува нашата ситуација на пазарот во поволност на нашата економија, со оглед на тоа дека сега заради инфлаторните очекувања каматните стапки се зголемени на финансиските пазари. Оваа линија за да се процесира ќе следи официјален процес на барање – вели во интервју за Сител министерот Бесими.
Тој потенцира дека во следниот период ќе има Мисија на ММФ во земјава при што ќе се дефинираат деталите за искористување на програмата. Бесими притоа информира дека каматната стапка ќе изнесува околу еден процент и е исклучително пониска од онаа која е во моментов за издавање еврообврзница на меѓународните финансиските пазари.
– Ова се значително поповолни услови за нас, во смисла на искористување на овие средства за поддршка на буџетот. Воедно дел од средствата од оваа програма се користат за претпазливост, што значи дека ние ги имаме тие средства, но не ги користиме туку ни служат за зајакнување на нашата позиција на финансиските пазари – прецизира Бесими.
Оваа кредитна линија достапна за земјите-членки со здрави економски основи, политички рамки и политики, според него, може да помогне во заштита на економиите од надворешни шокови преку обезбедување однапред пристап до ресурсите на ММФ.

 

Во однос на ребалансот, Бесими најави дека дополнително ќе се скратат непродуктивните трошоци.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО