More

    Рекордно високи цени на храна

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Многу европски земји пријавија двоцифрена инфлација (11,9 отсто во Холандија во март, 14,8 отсто во Естонија и 15,6 отсто во Литванија), а најкритична е ситуацијата во Турција, инфлацијата се искачи на над 60 отсто во март (поточно 61,13 отсто).

    Во целиот свет има недостиг од основни прехранбени производи, во земјите каде што има пак, забележале драстично поскапување. Енергенсите се повисоки за 50 отсто. На пример во Хрватска струјата поскапела за 9,5 отсто, а гасот за 14 проценти според последната проценка.

    Според Евростат, цените на енергијата пораснале за дури 44,7 отсто за еден месец (во споредба со февруари 2022 година) и со тоа поставиле нови рекордни стапки низ Европа.

    Според последните проценки, во март 2022 година цените пораснале за 9,3 отсто во Белгија, 7,6 отсто во Германија, 9,8 отсто во Шпанија, 7,9 отсто во Луксембург, 11,9 отсто во Холандија и 6,7 отсто во Австрија, Словенија 6 отсто и Словачка 9,5 проценти.

    Особено висок раст на цените е забележан во Естонија (14,8 отсто) и Литванија (15,6 отсто).

    Во Србија инфлацијата во февруари се забрза на месечна и на годишна основа, а една од главните причини беше забрзувањето на растот на цените на храната, објавено е во новиот број на стручното списание Макроекономска анализа и трендови (МАТ).

    Во јануари и февруари 2022 година е забележана месечна инфлација од 0,8 отсто и 1,1 отсто, како и на годишна основа од 8,2 отсто и 8,8 отсто, потсетува МАТ.

    Потрошувачките цени во Русија во март пораснале за 7,61 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво дури 16,69 отсто, објави пред неколку дена Федералната служба за статистика Ростат.

    Во Русија цените на храната паднаа за 17,99 отсто на годишно ниво, останатите производи поскапеа во просек за 20,34 отсто, а услугите за 9,94 отсто заклучно со март.

    Грција не забележа повисока стапка на раст на цените во последните 25 години. Годишното зголемување на инфлација во февруари порасна на 7,2 отсто. Како одговор на незавидната состојба на економијата, двата најголеми грчки синдикати, кои претставуваат околу 2,5 милиони работници од јавниот и приватниот сектор, повикаа на генерален штрајк.

    Инфлацијата во Турција надмина 60 отсто (точно е 61,14 отсто), а цените на храната во таа земја според официјалните податоци двојно се зголемија. Економистите сметаат дека растот на цените во Турција ќе остане висок до крајот на годината, а предвидуваат дека инфлацијата на крајот на годината ќе изнесува околу 52 отсто.

    Во март, глобалните цени на храната, следени од Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (УНФАО), се искачија на највисокото ниво од 1990 година, т.е. од годината кога воопшто се вреднуваат и следат.

    Индексот на потрошувачка кошничка на ФАО порасна за 12,6 отсто во март од просечните 159,3 поени во февруари, достигнувајќи ново највисоко ниво од 1990 година.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img