16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Рекорден број мигранти го преминаа Ла Манш во Велика Британија

НАЈЧИТАНО

Ла Манш со 14 мали чамци го минале 700 мигранти, што е рекорден број на премини во еден ден од почетокот на оваа година, соопшти британското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека каналот меѓу Велика Британија и Франција вчера го поминале 696 мигранти, а претходниот рекорд е забележан во април кога поминале 651 мигрант.

Француските власти запреле чамец со 35 луѓе, јавува Би-Би-Си.

Податоците на британската влада покажуваат дека повеќе од 17.000 луѓе го преминале Каналот и пристигнале во Велика Британија од почетокот на годинава.

Лани со брод од Франција пристигнале 28.526 лица, а во 2020 година 8.404 од нив.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО