16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Реквием за Линда Б.“ ја открива суштината на апсолутната власт

НАЈЧИТАНО

Има нешто особено апсурдно во механизмот на апсолутистичките режими. На луѓето кои никогаш не живееле во едноумие, диктатура и во режим, можеби ќе им биде тешко тоа да го сфатат. Но на читателот од нашите простори, тоа лесно му оди.

Исмаил Кадаре прави одлична вивисекција на диктаторската власт во Албанија со романот „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“, персонифицирана во ликот и делото на диктаторот Енвер Хоџа. Општеството се обидува да биде напредно, да ја следи модерната мисла, но во исто време е конзервативно и реакционерно. Партијата и тајната служба ги следат сите апсекти од однесувањето на своите субјекти. Колку е субјектот поистакнат во општеството, толку и казната е посурова доколку се огреши пред моралниот и идеолошкиот кодекс.

Па така, драматургот Рудијан Стефа е повикан на испрашување од комитетот на Комунистичката партија. Девојката Линда Б. е пронајдена мртва, а кај неа е откриен потпишан примерок од неговата последна книга. Тој наскоро дознава дека семејството на Линда, што е под истрага, е прогонето во мало место далеку од главниот град и дека таа извршила самоубиство. Под влијание на параноичниот режим, Рудијан се фаќа себеси во надреална потрага да открие што ѝ се случило навистина на Линда Б. Низ слоеви од интриги, нејзината приказна се развива постепено: таа била вљубена во Рудијан од далечина и била подготвена да преземе големи ризици за да му се доближи. Тој е обземен од нејзината приказна и вознемирен поради веројатноста дека е виновен за нејзината судбина.

Овој мистериозен однос меѓу двајцата, му предизвикува опсесивност на драматургот, кој станува обземен од судбината на прогонетата девојка.

Кадаре во светската книжевност се прослави со романот „Генералот на мртвата војска“. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Други познати дела му се: „Куклата“, „Палата на соништата“, „Ќерката на Агамемнон“, „Наследникот“ и др.

Современиот класик „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ од најзначајниот албански романсиер, есеист и драмски автор Исмаил Кадаре неодамна излезе од печат на македонски јазик. Ова е втора книга од Кадаре, по „Куклата: Портрет на мајка ми“, која е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ е првпат објавена на албански јазик во 2009 година, а дејството е сместено меѓу бирократската машинерија на долготрајната албанска диктатура. Овој роман е зачудувачки и потресен портрет за животот и за љубовта ставени под надзор, исполнет со мит, лут хумор и со апсурдноста на параноичниот режим.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО