14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Регулаторна ќе носи одлука за цената на горивата

НАЈЧИТАНО

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ – изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

Со последното зголемување на цените во понеделникот дизел горивото поскапи за 2,5 денари за литар, а Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство по еден денар за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 се зголеми за половина денар по литар. Со тоа, литар Еуросупер БС-95 чини 110 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 112 денари. Цената на дизелот е 102 денара, а на Екстра лесното масло за домаќинство 99,5 денари за литар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО