16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Регистрирани се 792 нови случаи позитивни на коронавирусот,две лица починаа

НАЈЧИТАНО

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 792 нови случаи на ковид-19, две лица се починати, а како оздравени се водат 317 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на ковид-19 од Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79) и Гостивар (75). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022 година.

Направени се 1.774 тестови преку: ИЈЗ-272, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-88, Систина-41, лабораторија Лаор-18, Синлаб-26, Ремедика-11, Плодност-24, Генеа-21, Никоб Лаб-103, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 676.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО