26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Регистрирани се 110 нови случаи со ковид-19

НАЈЧИТАНО

Нема починати, а 110 граѓани заболеле од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи во Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по 1.

Од вкупниот број позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции. Регистрирани сe 42 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се пријавени починати лица.

Досега се дијагностицирани 313.160 лица, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442. Во Скопје има 295 активни случаи, а во 14 града не се регистрирани заболени од ковид-19.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО