25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „A LONELY PLANET OR DIGITALLY CONNECTED“

НАЈЧИТАНО

ОСУ„Св Климент Охридски“   заедно со  КГС „Апелдорн“ од Холандија и „Билингвал“ од Унгарија преку онлајн   работилница    го реализираа Еразмус+ проектот “A Lonely Planet or Digitally Connected”.  Проектот се реализираше во три етапи во 2021/2022 година, а носители на истиот се професорките Даниела Спироска, Вера Јовческа и Светлана Огненова.

Преку проектот   се опремија  две училници со  70 Chromebook Samsung уреди што ќе послужат за успешна реализација на часовите како дел од дигиталната модернизација на наставата.

Проектот е финансиски поддржан од Општина Охрид   којашто обезбеди финансиска поддршка односно  учествува со 30 % од вкупната сума при набавката на овие Chromebook  Samsung уреди .

Проектот започна со првата онлајн работилиница во периодот од 10.05 до 27. 5. 2021 година, каде домаќин беше КГС „Апелдорн“ од Холандија. Работилниците се изведуваа преку онлајн платформата ZOOM. Во овој проект беа вклучени 37 ученици од прва година. Преку онлајн предавања и работилници, учениците се здобија со знаења за работа во one note, изработка на презентација, видео поткаст како и дизајнирање веб -страна. Исто така учениците имаа и онлајн средби преку кои се запознаваа меѓу себе, споделуваа дел од својата култура, традиција , храна и обичаи.

Од 4. 10. 2021г.  до 8. 10. 2021 г. се одржа вториот дел од овој проект. Организатор беше училиштето Билингвал од Унгарија. Во овој проект учество зедоа  39 ученика од прва и втора година. Тема на работилниците беше: „Building your own video game“ . Учениците преку онлајн работилници се здобија со знаење од областа кодирање и со користење на Scratch, Pixlr алатките, Soundtrap, ZapSplat креираа видео игри. Избрани беа победнички тимови во неколку категории: најдобар тим, најдобра аудио продукција, најдобар креативен дизајн и најдобра игра.

Во третиот и финален дел од проектот домаќин ќе биде ОСУ „Св. Климент Охридски“. Работилниците ќе се одржат од 04.04.  до 08.04. 2022 година. Во проектот  учествуваат 35 ученика од прва година. Темата на оваа работилница е „ Using Graphic Design in the Classroom“ што ќе им овозможи на учениците да се здобијат со знаења за алатки за графика што ќе им помогне при изработка на  постери и билборди.

Реализацијата на овој проект ќе  им овозможи на учениците да разменат искуства со другите ученици од Холандија и Унгарија за можностите што ги нудат интернетот и дигиталните алатки при изработката на веб-страни, видео игри и билборди и со тоа се потенцираа предностите од дигиталното поврзување во услови на  работење преку онлајн платформите.

Соработката со КСГ училиштето од Холандија и гимназијата трае веќе подолго време, а реализирани се неколку проекти и размени.

Што се однесува до Еразмус + проектите кои се реализираат во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, тие се одлична можност за збогатување на знаењата и на учениците и професорите, проширување на видиците и збогатување на капацитетите на училиштата. Претходно со финансии од проекти под координација на истиот тим  професорки е опремена просторија во гимназијата, а и набавката на овие уреди несомнено ќе придонесе за подобрување на наставниот процес во училиштето.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО