4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Реакција на УСЈЕ за неосновани напади од Зелен хуман град

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите тврдења од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Изнесувањето на неточни и паушални тврдења не е во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на живот, но служи за стекнување политички интереси на поединци. Јавно искажаниот збор е одговорност и мора да биде базиран на факти, а не на паушални тврдења чија цел е создавање лажна слика, на товар на УСЈЕ, реагира Цементарницата.

Ја пренесуваме во целост нивната реакција:

„Имајќи предвид дека животната средина е во фокусот на Граѓанската иницијатива Зелен хуман град, изненадувачки се паушалните тврдења кои не се во корелација со законската регулатива, ниту пак со најдобрите практики во областа кои веќе со децении се применуваат во Европската Унија и во другите развиени земји.

Уште еднаш потенцираме дека вонредната контрола од Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и на 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат. На сите релевантни експерти и познавачи на оваа област, овие резултати јасно им укажуваат дека работењето на УСЈЕ е согласно пропишаните параметри и нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот.

Согласно А-Интегрираната дозвола УСЈЕ има обврска да известува за емисиите еднаш месечно. И покрај тоа, имајќи го предвид јавниот интерес УСЈЕ, самоиницијативно, последните неколку години, еднаш неделно ги испраќа резултатите од мерењата од  средно-дневните емисии од производниот процес до медиумите. Истите ги објавуваме и на веб страница на компанијата и се на увид на било која заинтересирана страна на следниов линк: https://www.usje.mk/mk/odrzhlivost/zhivotna-sredina/emisii-vo-vozdukhot/%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D1%83%D1%85%D0%BE%D1%82/nedelni-izveshtai/

Во УСЈЕ постои независен 24-часовен мониторинг од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од независни, овластени и акредитирани надворешни компании. Овој мониторинг континуирано ги мери емисиите, па оттука независно од тоа дали контролата на надлежните служби е најавена или ненајавена, тоа не влијае на резултатите. Имено, експертите знаат дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае.

Имајќи превид дека ваша декларирана цел е подигнување на квалитетот на животот, по теркот на развиените градови во Европската Унија, ве упатуваме да ја погледнете регулативата во Унијата, која користењето на алтернативните (нефосилни) горива во одредени индустрии меѓу кои и цементната, е задолжително, а не прашање на избор, во изминатите неколку децении. Резултатот од тоа е почисти градови, помалку отпад на депонии, зачувување на природните лимитирани количини на фосилни горива, како и намалени CO2 емисии.

Компанијата ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди на транспарентен начин.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Порано го победуваше Надал, сега покажува како со дрон фрла бомби врз Русите

Некогашиот 13 тенисер во светот Александар Долгополов денес се бори во војната против Русија за својата земја Украина. Долгополов го замени рекетот со навигатори за...

Скандал на германската министерка Бербок, лани дала 300.000 евра државни пари за пудра, шминка и стајлинг!

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дала огромни суми државни пари во текот на 2022 година за шминка и за фотограф, пишуваат...

Ердоган отсечно ја отфрли можноста да ја поддржи земјата во НАТО

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...
spot_img
spot_img
spot_img