22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Расте бројот на затворени фирми во преработувачката индустрија

НАЈЧИТАНО

Во првата половина од годинава се затворени вкулпно 4.874 фирми. Бројката е помала од лани во истиот период кога згаснале  5.022 компании, пишува порталот Пари.

Најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање. Загрижува фактот што наспроти падот на бројот на затворени фирми во другите сектори кај фирмите од преработувачката индустрија е забележан раст. Годинава во овој сектор згаснале 41 фирма повеќе од лани.

И во првото полугодие од 2022 година најмногу затворања, како и во првите 6 месеци од 2021 година  има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Годинава, во овој сектор згаснале 1.569 фирми, а лани во истиот период – 1.622 фирми.

На второ место лани бил угостителско-хотелиерскиот сектор, а сега е преработувачката индустрија со 584 згаснати компании. Лани, во првите 6 месеци, во преработувачката индустрија згаснале 543 компании.

Годинава угостителско-хотелиерскиот сектор се нашол на третото место на неславната листа на затворени фирми, таму каде што лани беше преработувачката индустрија. Годинава во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ згаснале 515 фирми. Лани во овој сектор згаснале 604 компании.

Градежништвото, и во првото полугодие лани, и годинава, е на 4-тото место по згаснати фирми. Лани биле згаснати 397, а годинава – 359.

Иста пета позиција задржал и секторот транспорт и складирање. Годинава, за 6 месеци во овој сектор згаснале 344 фирми, а лани, во истиот период – 386.

Гледано по градови најмногу затворени фирми има во Скопје 1.766 фирми, или 36,2 отсто од вкупно згаснатите фирми во овој период.

На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании.

Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот на неславната листа.

Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200.

На петтото место по згаснати компании во првото полугодие годинава е Прилел, со 188 затворени фирми.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО