22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Расте бројот на заболени, зголемената раздвиженост си го направи своето

НАЈЧИТАНО

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, малиот процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во моментов, како што информираше таа, хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.

– Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед – вели Стевановиќ.

Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во периодот од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје, 186 лица.

Од вкупниот број позитивни, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.

Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.

Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО