3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

РАСПРАВА ЗА НАЦРТ НА ЗАКОНОТ ЗА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа Јавна расправа за Нацарт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Пред присутните градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков рече :

– Откако станав градоначалник на Охрид  и откако  детално ја разгледав проблематиката со Студенчишкото Блато  имав средба со сопствениците на земјиштето  кое се наоѓа  околу просторот за кој денес дебатираме, а  кој со закон ќе се прогласува за парк на природата. Заеднички разгледавме какво е зонирањето и што тоа точно предвидува и какви се последиците. Во меѓувреме  присуствував на работни средби во Министерството за животна средина и просторно планирање и  таму ја покренав иницијативата  за оваа средба затоа што сфатив дека има многу нејаснотии помеѓу ставовите на сопствениците на земјиштето  од една  и оние кои го предлагаат законското решение од друга страна. На оваа и претходеа и други средби кои јас ги иницирав , со цел на двете страни да им биде јасно како стојат работите. Факт е дека Студенчишкото Блато мора да ја добие онаа форма на заштита што ја заслужува не само поради препораките на УНЕСКО  туку затоа што има одреден  редок  растителен жив  свет    во блатото кој мора да го чуваме. Токму затоа е и зонирањето на прва, втора и трета зона. Јас и понатаму ќе стојам на располагање за комуникација меѓу двете засегнати страни. Затоа што само со комуникација и добро објаснување на работите може да се дојде до квалитетни решенија – подвлече градоначалникот Пецаков.

 

На настанот свои објаснувања  за потребата од Законска заштита на  Студенчишкото Блато имаа  претставници од Министерството за животна средина и  експерти , претставници од Општина Охрид,  а беа слушнати и ставовите на сопствениците на земјиштето кај блатото.

Организатор на настанот е Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид.

Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

 

 

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img