4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Распишана е меѓународна потерница за „Мајкл Скофилд“ од Тетово

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал на филмски начин, слично како што тоа во повеќе наврати го планораше и го правеше Мајкл Скофилд во познатата филмска серија „Бегство од затвор“.

„Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.115 бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ“, се вели во објавата на МВР.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.
Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза” поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

– Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје – појаснуваат од УИС.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img