16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Раперот летал 14 минути со приватен авион и ги збесна луѓето

НАЈЧИТАНО

Популарниот музичар Дрејк со последниот потег разбеснил многумина на социјалните мрежи.

Дрејк неодамна од Торонто до Хамилтон, кој се наоѓа во канадската провинција Онтарио, патувал со приватен авион.

Поради ова патување, раперот се соочи со многу остри критики за загадување на животната средина без причина, бидејќи ќе му бил потребен само еден час да го направи ова патување со автомобил.

Тој лет траел само 14 минути, а за него наводно биле потрошени 1.500 литри гориво.

Поради ова патување, раперот се соочи со многу остри критики дека ја загадува околината без никаква причина, бидејќи за ова патување ќе му треба само еден час со автомобил.

„Канаѓаните ќе се жалат на климатските промени, а потоа ќе платат илјадници долари за да одат на следниот концерт на Дрејк, однесувајќи се како тој да не го користи својот приватен авион за да лета од Хамилтон до Торонто“, напиша на Твитер новинарот од Торонто, Темур Дурани, кој не беше единствен кој го коментираше однесувањето на овој рапер.

Многумина го коментираа однесувањето на Дрејк како многу арогантно.

 

 

„Дрејк е дел од проблемот, тој летал до Хамилтон и назад неколкупати додека околината се загадува“, напиша на Твитер Џеси Хакин, писател и режисер од Торонто.

„Дрејк само што летал 14 минути со својот приватен авион и испуштил четири тони јаглерод диоксид. Тоа е иста количина којашто просечниот човек го прави за една година. Ќе му требаше еден час возење со автомобил. Ова е злосторство“, напишал еден од корисниците на споменатата социјална мрежа.

 

 

По сите овие критики, Дрејк се огласи, тврдејќи дека тој не управувал со тој авион, туку дека летот бил организиран за да може неговиот авион да биде преместен на друг аеродром, но малкумина му поверувале.

ФОТО: Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО