26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Рамка за спроведување за одржлив и климатски неутрален регион

НАЈЧИТАНО

Во рамки на второто издание на Преспа форумот за дијалог 2022 се одржа специјална сесија насловена „Зелената агенда за Западниот Балкан: рамка за спроведување за одржлив и климатски неутрален регион“, на која земаа учество државни претставници, дипломати, истакнати личности од бизнис заедницата, граѓанското општество, како и претставници на млади еко-активисти од нашата земја и Западен Балкан.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, сесиите биле составени од два дела.

– На првиот беше домаќин министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, а со свои излагања се обратија и Дејвид Моран, Регионален Амбасадор за климатски промени СОP26, Ана Новаковиќ-Ѓуровиќ, министер за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Алмира Џембула, заменик на Министерот за туризам и животна средина на Албанија, Игли Хасани, амбасадор кој е задолжен за животна средина и економски активности при ОБСЕ, Фестим Халили директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Бојана Станојевска Печуровска од Центар за климатски промени – наведуваат од МНР.

Дополнуваат дека темите на дискусијата ги опфатиле влијанието на климатските промени кои сериозно го опфаќаат Западниот Балкан и пошироко како и активности кои треба да се преземат за справување со предизвиците од областа на животната средина, климатските промени и енергетската транзиција.

Од МНР велат дека министерот Нуредини во своето воведно обраќање истакнал дека зелената агенда и одржливоста не се само модни трендови и слогани што секој сака да ги вметне во својата тема, туку се прашања што бараат вистински фокус и сериозна работа. Како што пренесуваат, тој потенцирал дека во време на последователни кризи, климатските промени не ја намалија својата итност, туку напротив, бараат од нас интензивна работа на брза митигација и адаптација.

– Никој не може да успее сам во оваа мисија, потребна е интензивна соработка и заедничко стратешко делување во правец на остварување на поставените климатски цели и обезбедување на одржлив и климатски неутрален регион, како дел од пошироката светска заедница. Тука сме за да ги разговараме овие регионални пристапи и решенија, заклучил Нуредини, пренесуваат од МНР.

На панелот обраќање имал и специјалниот гостин Дејвид Моран, Регионален Амбасадор за климатски промени СОP26, на кој зборувал за глобалната климатска агенда во време на геополитички неизвесности.

На втората сесија од панелот, свои воведни обраќања имале вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектешки. Исто така, свои излагања имале Ервин Ибрахимовиќ, заменик претседател за регионален развој и министер за капитални инвестиции, Бесарт Кадија, заменик министер за финансии и економија, Франк Шауф, преставник од Berlin Global Advisors, Тодор Тодоров, асоцијација за животна средина од Бугарија.

Во овој дел од сесијата биле опфатени темите за економиите во регионот, енергетските планови и целите поврзани со климатските промени кои треба да се исполнат до 2030 година, како и регионалната соработка во областа на поврзување на гасоводните мрежи, зелена и дигитална трансформација како и искористувањето на фондовите од Економскиот и инвестициски план на ЕУ.

Од МНР пренесуваат дека Битиќи изјавил дека сега повеќе од било кога треба да се преиспитаат таргетите од Парискиот договор, не само тука во земјите од регионот, туку и во ЕУ, и начинот како ќе се постигнат тие таргети, наместо да се остава секоја држава сама на себе да ги постигне зададените таргети.

Министерот Бектеши во заклучните согледувања истакнал дека подобрувањето на енергетскиот интензитет е голема можност за раст на целиот регион и што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната зелена транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги носи зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управува со ризиците од транзицијата и да се осигура дека таа е е одржлива, праведна и адекватно финансиски поддржана. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу.

– Мораме да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар, посочил Бектеши.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО