2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Рама му порача на Вучиќ да дојде на Самитот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека нема да учествува на Самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан, што на 6 декември ќе се одржи во Тирана, јави АБЦ њуз. 

 Учеството на Самитот е единствениот пат што го има Вучиќ, бидејќи во спротивно тоа би било катастрофално за него и за Србија – истакна Рама. 

Тој нагласил дека единствениот што нема да биде дел од Самитот е премиерот на Шпанија, бидејќи неговата земја го одбележува Денот на Уставот. 

– Само премиерот на Шпанија нема да присуствува. Ми испрати писмено објаснување. Шпанија го одбележува Денот на Уставот и тоа е ден од големо значење. Ги знаете и внатрешните тензии во Шпанија. Неговото писмо е поткрепено и доволно за неможноста за учество. Другите ќе бидат присутни – додаде Рама.  

Во однос на одржувањето на Самитот и најавениот протест на опозицијата, тој е оптимист дека на 6 декември нема да има инциденти бидејќи „Самитот е организиран подолго време и се преземени сите мерки од Албанија и европските организатори”.  

Рама ја обвини опозицијата и Сали Бериша, велејќи дека „протестот на 6 декември е апсурден, а Бериша протестира за свои интереси”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....

Ѓоковиќ призна: Користи ново контроверзно правило за да победи во финалето

Откако минатата година беше дури и депортиран, Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија и го освои својот 10-ти Австралија опен, со што се израмни...

Нови мерки: Како Netflix ќе ги спречи корисниците да ја споделат својата лозинка?

Првичните извештаи и испитувања во други земји сугерираат дека напорите за одвраќање на споделувањето лозинка ќе бидат релативно благи во почетната фаза, потпирајќи се...
spot_img
spot_img
spot_img