1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Ракометарот бил удиран со нога по главата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ракометарот кој денеска почина на КАРИЛ, Денис Тот вчера изутрина „во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица.

„Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар, пишува Сајтот за проверка на фактите „Вистиномер“.

„Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“, објави „Вистиномер“.

Пресметката од плејофот во ракометната елита помеѓу првакот Вардар и Бутел, кој требаше да се игра утре од 16 часот е одложен после смртта на 27-годишниот ракометар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Украинците жестоки: Меѓународниот олимписки комитет промовира геноцид

Украинското претседателство го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) дека е „промотор на војна и геноцид“ бидејќи размислува да им дозволи на руските спортисти да...

Расте бројот на жалби против Србија во Европскиот суд за човекови права

Минатата година до Европскиот суд за човекови права пристигнале 18 барања за привремени мерки во случаите против Србија, кои биле прифатени во пет случаи,...

Потврдено обвинение за недозволено складирање на речиси 5 килограми злато и сребро

Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое го обвинува Драган Станковиќ дека како сопственик на деловната...
spot_img
spot_img
spot_img