4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Разрешен директорот што си ја ангажираше партнерката за волонтерка

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Владата го разреши Ване Цветанов по информациите за ангажирањето на сопствената сопруга, објави 24 Инфо.

Според извори на редакцијата во Владата, на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.

Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелацискиот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години,

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Неговиот бранител попладнево испрати допис во кој ги објасни...

Украинските функционери добија забрана за одмор во странство

Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и на нивните сопруги, да одат на одмор во странство за време на...

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...
spot_img
spot_img
spot_img