16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Разорните шумски пожари се шират низ Португалија, Шпанија и Франција

НАЈЧИТАНО

Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, додека топлотниот бран не покажува знаци на стивнување, јавува Би-Би-Си.

Во северниот дел на Португалија, пилот загина во противпожарен авион во област во близина на границата со Шпанија.

Португалските власти соопштија дека најмалку 238 лица починале од горештините во последната недела, пренесува британскиот јавен сервис.

Пожари беснеат во делови од северозападниот француски регион Жиронд, каде што се евакуирани повеќе од 12.000 луѓе.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и подолготрајни поради климатските промени предизвикани од човекот. Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не преземат чекори за намалување на емисиите.

Француската метеоролошка служба денеска предвидува температури до 41 Целзиусов степен во делови од југот на земјата, а за утре се предвидуваат нови топлотни рекорди.

Доцна во саботата, Франција прогласи портокалова временска тревога за уште 22 департмани, главно долж брегот на Атлантикот.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дрманен изјави дека во пожарите веќе изгореле 10.000 хектари шума и вегетација и ги пофали пожарникарите за нивната исклучителна храброст.

Во меѓувреме, на Алпите се повикуваат планинарите да ги одложат искачувањата до Мон Блан, поради опасност од лизгање на земјиштето предизвикано од исклучителните климатски услови.

Од вторникот, температурите се искачија до 47 степени Целзиусови во Португалија и над 40 степени во Шпанија, што ја исуши земјата и ги разгори пожарите.

Португалските метеоролози велат дека температурите ќе продолжат да се движат околу 40 степени, пред да паднат следната недела.

Најголемите пожари во Поргутал се на север, источно од Порто. Пожарите уништија 30.000 хектари земја оваа година, што е најголема површина од летото 2017 година, кога Португалија беше погодена од разорни пожари во кои загинаа околу 100 луѓе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО