14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Радев се надева дека наредната Влада ќе има висок легитимитет

НАЈЧИТАНО

На 2 октомври ќе одржиме вонредни парламентарни избори и тоа е главната задача пред преодната влада – нивно организирање и спроведување. Тоа го изјави денеска бугарсклиот претседател Румен Радев на средбата со претставниците на институциите надлежни за подготовка и спроведување на гласањето.

„За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива висок легитимитет што произлегува од високиот одѕив на гласачите“, нагласи Радев.

Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО