9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Радев прашува – ако за еден збор не можете да најдете мнозинство, што друго ќе можете?

НАЈЧИТАНО

Европската перспектива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија и да се запре говорот на омраза, јави дописникот на МИА од Софија. Ова го кажа Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“.

Конференцијата се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев.

Радев, исто така, посочува дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Северна Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Северна Македонија.

– Промената на Уставот на Северна Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја.

Притисокот е огромен и е парадоксален. За жал, притисокот е врз земјата-членка во најголем дел и помал дел врз земјата кандидат, но притисокот е поради неразбирање на длабочината на историските проблеми – изјави Радев.

Тој, исто така, праша дека ако сега не можат да обезбедат 2/3 мнозинство во парламентот за да го направат тоа, каква ќе биде волјата на властите да ги исполнат критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ. Според бугарскиот претседател Радев, нерешавањето на политичките прашања меѓу двете соседни земји ја блокира и размената во сите други области.

Радев се пожали дека евроатлантските партнери вршат притисок врз Бугарија да го укине ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО