5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Радев не ја потпишува декларацијата за влез на Украина во НАТО

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Бугарија Румен Радев одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји  поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.

„Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО. Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот”, се вели во соопштението јави вчера БТА.

Иако Бугарија на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина, тоа се случуваше во сосема поинаква безбедносна ситуација.

Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина поднесува барање за забрзано членство во НАТО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО