2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Радев во Грција договара поставување спомен плоча за Гоце Делчев во Баница

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ќе ја поддржам иницијативата за подигање спомен плоча на Гоце Делчев во селото Баница во денешна Грција по повод 120-годишнината од неговото убиство, што ќе се случи во 2023 година.

Претседателот Румен Радев ова го изјави како одговор на прашање од БГНЕС дали во селото Баница ќе биде поставена спомен плоча на Гоце Делчев, пишува бугарската агенција.

– Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање, рече и шефот на бугарската држава. Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле – рече Радев.

„За мене иднината на светот е како територија за културна соработка“, ги цитираше шефот на државата зборовите на Гоце Делчев и посочи дека токму тоа го прават денеска со Република Грција.

– Доколку има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во серското село Баница, надлежните органи ќе го разгледаат – изјави за БГНЕС грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

„Мермерна плоча во мојата земја може да ја разгледаат надлежните органи“, додаде таа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...

Исфрлете ги овие намирници и заменете ги со други

Решивте да почнете да живеете поздраво и првиот чекор кон ново поглавје беше промената на вашето мени. Сепак, некои од намирниците за кои верувавме...

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....
spot_img
spot_img
spot_img