26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Работилница за авторски права

НАЈЧИТАНО

Во Скопје се одржа еднодневна меѓународна работилница за авторски и сродни права за автори, изведувачи и филмски продуценти, на тема „Меѓународно искуство и практики“.

Гости предавачи на работилницата беа Грегор Штиберник, генерален директор на Словенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти – АИПА и Петер Кеп, правник и оперативен менаџер во АИПА.

Работилницата имаше едукативен карактер и пред нашите носители на права беа споделени словенечките и европските практики, како и потенцирани важноста и значењето од имплементирањето и брзото спроведување на Закон за авторски и сродни права ЗАПСП во нашата држава.

На работилницата присуствуваа повеќе од 20 носители на права – актери, сценаристи, филмски режисери, директори на фотографија, аниматори, како и филмски продуценти.

Работилницата беше организирана од Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС и словенечката АИПА.  Едногласно беше охрабрено постоењето и функционирањето на АЗАС како колективна организација која е од огромна важност за целиот филмски и аудиовизуелен сектор во нашата држава и се донесоа заклучоци со цел афирмирање на улогата и работата на АЗАС во иднина.

Организаторите информираа за динамичен период во иднина со цел воспоставување на соработки со останати светски и европски организации од оваа област и афирмирање на АЗАС.

Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС, е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во републикава во согласност со ЗАПСП, која ги вклучува авторите, изведувачите и филмските продуценти под еден покрив. Има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, единствена во нашата земја за колектирање на средства од аудиовизуелните дела уште од септември 2018 година. Членка е на најрелевантните светски и европски организации во оваа област и партнер на AGICOA.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО