5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

НАЈЧИТАНО

Општина Охрид  заедно со  охридските приватни компании наредниов период ќе работи  на зајакнување на соработката  со компании од шест земји на Западен Балкан : Македонија ,Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, кои имаат свои претставници во  Коморскиот Инвестициски Форум (КИФ), со цел да се зајакне охридското стопанство. Ова беше заклучено  на денешниот работен состанок на градоначалникот Кирил Пецаков со  членовите на Управниот Одбор  на  Коморскиот инвестициски Форум ( КИФ)  кои се во дводневна работна посета на Охрид.

На средбата градоначалникот Кирил  Пецаков информира дека општината има интересни проекти,  кои во соработка со приватниот сектор  може да  бидат поддржани од Коморскиот Инвестициски Форум (КИФ). Со нив да се настапува пред Европските фондови заедно со градовите и компаниите кои имаат свои претставници во КИФ од шест Балкански земји.

– Го претставивме нашиот град, капацитети и инфраструктура  и можноста, каде тие големи компании коишто се во овие шест земји би можеле да инвестираат . Како општина се ставивме во функција на  олеснување на тој процес на соработка,  доколку некоја компанија сака да инвестира. Втората работа за која разговаравме   се проектите кои овој инвестициски форум може да ги поддржи, а се значајни за градов.  Општина Охрид има збратимени градови во шесте земји кои имаат свои претставници во КИФ. Би можеле заеднички да учествуваме во добивањето на некој проект ,се со цел,  олеснување на одредени форми  на соработка  како што се  обука на кадар кој ќе се вклучи во одредена индустрија, отворање на  нови бизниси или која и да е друга форма која ние заедно со коморите и приватните компании во иднина би можеле да ја реализираме –посочи градоначалникот Пецаков.

Коморскиот Инвестициски Форум  кој е составен од претставници  на Стопанските Комори од шест земји од Западен Балкан  финансира проекти од приватниот сектор.

– Еден од тие проекти е врзан за Охрид, каде што е направен конзорциум за воведување на дуалниот систем на образование во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски  со три наши компании ЛТХ – „Леарница“, „ОДВ Електрик“ и „КОСТАЛ“. Разговаравме за инфраструктурата којашто е поставена помеѓу збратимените градови од шесте земји од Западен Балкан кои имаат свои претставници во КИФ. Ќе покренеме иницијативи со коишто заеднички, локалните самоуправи ќе учествуваат со проекти кои ќе бидат организирани во  минимум три држави и на тој начин ќе придонесеме во подобрување на комуникацијата. Нашата крајна цел е да има подобар проток на стоки и услуги меѓу државите, работната рака да циркулира онака како што тоа се прави на Запад и да исчезнат  редиците камиони на границите . Исто така ќе воведеме заедничка авионска линија меѓу овие шест земји по  принципот   на Нордискиот САС  и заедничко кредитно биро –  арбитража кои ќе помогнат  за развој на компаниите. Градоначалникот образложи убави и интересни проекти, кои ќе бидат од заеднички интерес   како за Општината така и за КИФ- рече потпретседателот на Коморскиот Инвестициски Форум, Бранко Азески.

Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст е институција основана во 2015 година во рамки на Берлинскиот процес инициран од канцеларката Ангела Меркел, и претставува глас на приватниот сектор од регионот, застапувајќи 350.000 компании од подрачјето на Западен Балкан. КИФ е основан од страна на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора и Стопанската комора на Србија) со цел, да се интензивира соработката помеѓу коморите во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО